Историја и култура: Откријте ги тајните на Лутраки, бањата на Александар Македонски
Лутраки - историска и културна дестинација, позната по термалните бањи и врвниот одмор
Бањите во кој се капел и уживал Александар Македонски, една од најстарите термални бањи во Мегленската област во Егејскиот дел на Македонија која се наоѓа на надморска висина од 420метри, сместена во планинскиот венец на планините Ниџе и Кајмакчалан.
Кога ке пристигнете овде немора да прашате или да зборувате на друг јазик, бидејки сите разбираат и говорат Македонски. Раселените наши македонци од овој крај најмногу ги има во Велес, Штип, Битола но и во Војводина. Населението пред војната се занимавало со земјоделие и тоа со одгледување на најубавите греши, кој и ден денес постојат како една од основните дејности на овдешното население. Огромните плантажи на цреши и успешното одгледување на овие овошки се должи на изобилството вода во овој крај. Порано дел од населението се занимавало и со преработка на свила и одгледување на свилени буби, што било доста доходовно.
Кога се движите нагоре кон бањите по самиот пат се наоѓаат безброј хотели и ресторани кој нудат убава и евтина традиционална храна. Жителите се љубезни и скоро сите знаат македонски. Претежно сега сите Живееат од туризам, заради огромна посетеност на бањите., како и планинарските тури на врвот на планината Кајмакчалан. Местото изгобилува и со цркви и манастири, бидејки во овој дел на егејска Македонија живее православно население. На влезот од бањите на самиот паркинг ке ве пречекаат и располошените пазарљии кој ги нудат своите домашни производи како разновидни слатка, медови, сушено овошје, ликери, билки и чаеви (оригано, махлебија, ким), изработки од дрво, сувенири и магнети со обележја од овој крај.
Бујната вегетација и раскошната природа на планината Версас (Кајмакчалан) даваат чуство на за посебен мир. Карпестиот предел на бели карпи кој се протега над вас, кога ќе погледнете нагоре, ја дава убавината и чуството како да се наоѓате во некоја дупка на рајот. Реката Термопатанос (топла река), во која течат 2 различни стуи на вода, кој се една до друга а не се мешаат, е чудо на природата. Едната ладна и до самото корито топла вода која достигнува и до 37с/ц, се прекрасно уживање за кардио вежби. Во делот на топлата вода се наоѓаат 3 природни базени со посебна масажа од водата која паѓа од височините на карпите, а во горниот дел има голем отворен базент со минерална вода од 37с/ц, кој дава посебно уживање за пливачите. На стараничните делови на реката се наоѓаат места за пикник под сенка за целодневно уживање, а покрај базентот има и ресторант со разновидно мени на храна и пијалоци.
Лутраки со право го нарекуваат воден рај. Дел од посетителите се капат во реката, но повеќето во изградените околни базени. Водата е лековита и тарапевски делува за ишијалгии, реума, генитални ихфекции, фрактури и многу други болести. Пријатна е во овој дел од годината поради температурата која достигнува. Тоа овозможува капење на отворено и кога е ноќе. Иако надвор е студено, од испарувањето на водата не се чувствува студ.
Кој дошол во овие бањи се враќа уште многу пати потоа, затоа што и природата и лековитата вода од кога ке замимете толку многу ви го разгалуваат телото што за миг помислувате дали навистина некогаш нешто ве болело, се наоѓате како на облачиња и си велите кога ке дојдеме пак. Ова е вистината, треба само еднаш да дојдете и да се уверите дека навистина е така. А додека сте таму гледате само лица на кој има насмевка и нежност, со целосно телесно уживање и опуштање.
Александар Македонски знаел да ја пронајде убавината на уживање, пробајте да ја пронајдете и вие.




