Историските бисери на Белград: Од Калемегдан до Скадарлија

Историскиот град на реките: Белград, со своите 7 илјади години на наследство, нуди богатство на културни и историски знаменитости

city buildings near body of water during daytime
city buildings near body of water during daytime

Престолнината на Србија, настаната пред околу 7 илјади години, има мноштво културни и историски знаменитости што можат да се доживеат. Па дури и белградскиот "специјалитет", ветерот кошава, што дува преку есен и зима, е гордост на белграѓани, бидејќи носи ведро и суво време.

Реките Сава и Дунав се среќаваат во подножјето на паркот Калемегдан, управуваат со пејсажот и обележјата на овој голем град, со над 1,7 милиони жители.

Калемегдан е еден од водечките симболи на Градот. Паркот почнал да се уредува кон крајот на 19. Век, но по бомбардирањето на Белград во Втората светска војна, конечниот изглед се заокружува во поново време. Зад Белградската тврдина, која нуди прекрасен поглед на сливот од Сава во Дунав, се сместени многу споменици и скулптури на личности и настани што ја обележале српската и светската историја.

Од Тврдината кон Градот се оди преку Кнезмихајловата улица, која спаѓа меѓу најстарите и најзначајни улици. Ги одбележува сите историски етапи, развојот на Белград од античко време до денес. Кон крајот на 20. Век, од претежно трговска улица, Кнезмихајлова прераснува во културно средиште на српската престолнина. По прошетката и престојот таму, белграѓаните и туристите одат на ручек во "боемскиот центар" Скадарлија или на прошетка во природа по речниот остров Ада Циганлија.

Белград го красат многу паркови меѓу кои централниот градски парк, Ташмајдан. Уреден е со бројни соджини за деца, млади и возрасни, со скулптури и споменици. Иако е изграден 1954. година, во него се наоѓаат и две пештери кои сведочат за животот на Градот последните 2 илјади години. На Ташмајдан се изградени црквата Св. Марко (нова, од 1936.г), Руската црква (1924. г), Главната Пошта, детскиот забавен парк и други важни објекти.

Меѓу поновите духовни средишта во Градот, посебно значење за белграѓани и Србија е Соборниот храм Св. Сава, завршен 1989. Година. Во него се наоѓаат спалените мошти на Светителот, а посебен потфат во градењето било подигањето на централната купола од бакарен лим и голем позлатен крст која тежи колу 4 илјади тони.

Во Белград се сместени многу музеи на значајни личности и настани од српската и балканската историја, а меѓу најпосетените е Куќата на цвеќето. Тука е сместена гробницата на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито (1892-1980). Во Куќата се наоѓаат Книгата на жалост и изложбен дел со штафетите што ги примал Претседателот по повод роденденот, на 25. мај.

Покрај културните и историски знаменитости, главниот град на Србија е богат со ресторани, хотели, ноќен живот, сплавови.

gray bridge under blue sky
gray bridge under blue sky
an aerial view of a city with a castle
an aerial view of a city with a castle
gray stone castle
gray stone castle