Костур: Живописен Град крај Прекрасното Езеро
Истражете убавините на Костурското Езеро и неговата околина, каде што природата се спојува со културата во преубав пејзаж.


Преку планината Вигла во подножјето на прекрасното езеро се наоѓа градот Костур, еден од најживописните градови во Егејскиот дел на Македонија. Тој е и главен град во костурската област. Опеан во познатата македонска песна ,,Море чупи Костурчанки,,.
Подрачјето е претежно планинско, со изразито континентална клима. Патеката долж езерото Орестиада е долга 9 километри, а самото езеро е дом на 200 различни видови на животни и птици, меѓу кои и некои ретки и загрозени видови. Тие се атракција на езерото и го зголемуваат големото добредојде на Костурчани. Прошетајте по тесната патека долж крајбрежјето на езерото, ќе бидете изненадени од неговата убавина и спокојство.
Град познат по византиските цркви, архитектура со примеси од византискиот и отоманскиот период, по кожната индустрија и обработката на крзното. Големиот број продавници и фабрики за крзно и текстил му даваат посебна топлина на градот.
Свети Ахил
Свети Ахил или Свети Аил е остров во Малото Преспанско Езеро. До него води понтонски пешачки мост. Таму пречекува мир, тишина. На височинката се доживува лебдење меѓу небото и езерото. Времето застанало со остатоците од базиликата и од средновековниот град Преспа, кој во 10 век го подигнал Цар Самоил. Во руините на базиликата Св. Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Тој бил населен уште од античко време. Во југозападниот дел се пронајдени остатоци од античката македонска населба Лика. Во средниот век тука бил главниот град на Самоиловата држава, градот Преспа, како и дворците на царот Самуил. Денес единствено населено место на островот е истоименото село Ахил, кое е мала населба од неколку куќи. Некогашна и историска Преспа буди убави спомени од далечното, но славното минато на цар Самоил. Може да се претпостави дека Самуил ја преправил и раширил црквата Св. Ахил, која била патријаршиска катедрала.
Пештера на змејот
Покрај повеќето атракции, привлекува раскошната пештера на змејот. До неа води пешачка патека крај езерото, која продолжува до манастирот на Мајка Богородица Мавровска. Пред самиот манастир се наога преубава пештерска црква, која е отворена за посетителите и до неа водат скалила, за да пред влезот на црквата го доловите прекрасниот поглед на езерото. Пет евра е влезот во пештерата, сместена под карпестиот дел на градот. Од влезот фасцинира убавина, природен простор стар шест милиони години. Во внатрешноста .е поделена во големи делови од копно и вода, има седум езера длабоки од 3-8 м. и безброј сталактити, сталагмити, разни фигури и композиции, извајани од природата. Откриена е во 40-тите години на минатиот век. Најголемото езеро во пештерата кое е исто така најдлабоко е на запад. Температурата во внатрешноста на пештерата останува стабилна во целата година, и се движи помеѓу 16-18 степени, додека влажноста достигнува 90%.
Наречена е пештера на змејот, поради една локална легенда. Легендата вели дека пред многу илјада години, во пештерата живеел змеј, кој само ноќе излегувал и се капел во езерото. Еден ден змејот го снемало тој испуштил сташен крик и потонал во длабочините на езерските води.
Центарот на градот обилува со бројни знаменитости и прекрасен кеј за прошетка крај езерото. Покрај езерото се наоѓаат кафулиња за да се одморите и уживате во погледот со едно убаво кафе. Имате простор да се прошетате по преубавите бутици, продавници со кожа и кожнени производи, кој ти го стоплуваат срцето. На локалниот пазар можете да купите преубав домашен планински мед, какао и мелено кафе.
Градот е преполн со цркви различни периоди, а најзначајна е Св. Атанас. Историјата може да се види и во неколкуте музеи. Посоти и современ кој ја отсликува традицијата. Тоа е музејот на облеките, потоа на фолклорот и импозантниот монументален музеј.
Престојот во Костур не се опишува, туку само се доживува.





