Крушево: Градот со Душа и Историја

Почит кон историјата: Крушево, градот кој се гордее со своето наследство од Крушевската република и македонската историја.

Крушево со душа, да ти затрепери срцето од великани и по крв и по песна. Крушево ќе речат дека е мала снежна грутка на Балканот. Тое е градот градот на Крушевската република. Градот на македонската историја. Крушево е и градот на Тоше. А ние, имајќи го сето ова на ум, го нарековме градот со топло срце.И кога е завиткан во снег, од него зрачи топлина. И нема шанси да се најдете низ уличките на Крушево, а да не почувствувате како срцето посилно ви чука. За тоа ќе придонесе и неговата автентичност, воздухот, чистината, но и фактот дека и покрај тоа што сте првпат тука можеби, се чувствувате како да сте дома.

Крушево лежи на западниот планински раб на Пелагониската Котлина, во изворишниот плиток долински дел на Крушевска Река. Оваа река го дели градот на два дела: поголем на левата и помал на десната страна. Куќите во градот се поставени амфитеатрално. Поради специфичната морфопластика, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1350 метри. Идеално за оние што сакаат да ги избегнат жештините во текот на летото. Меѓу најстарите сакрални објекти, што биле изградени во Крушево, се смета црквата „Свети Никола” (1832г), опожарена за време на Илинденското востание од 1903 година. А на горниот дел од градот, Македониумот е бела топовска грутка која со својата автентичнос дава целосен лик на дел од Крушевскота востание и почит кон војводите кој ја формирале Крушевската република. Во подножјето се наога и преубавото Крушевскао езеро за кое не се знае кога е поубаво, дали во зима кога е змрзнато или во лето кога зраци со својата бистина облеано од сончевите зраци. Но, не можете да отидете во овој град, а да не го посетите и манастирот Св.Преображение, кој се наоѓа на возвишенијата на Бушава Планина, во месноста Ручало, блиску до локалитетот Слива. Тој е дело на миленикот на сите генерации нашиот Тоше Проевски. Од Крушево е одалечен на околу пет километри, поврзан со современа сообраќајница. Претставува локалитет со извонредни одлики за одмор, рекреација, планинарење и можности за престој во природа. Наспроти познатиот споменик Македониум, се наога спомен куќата на Тоше Проевски нашиот музички амбасадор, и вечното негово почивалиште, која е посетена од милиони посетители од целиот свет.

На другата страна од Крушево во длабочинана на дабовата шума се наоѓа споменикот Мечкин камен, сведоштво на една битка од османлиското ропство, и востанието за основање на Крушевската република. Таму сега е направена најубавата патека за полетување на палаглајдери, со поглед од "милион долари". Покрај Македониумот, Мечкин Камен, Музејот на НОВ, како и спомен куќата на Тоше Проески, во Крушево не пропуштајте да прошетате низ чаршијата. Тие маалски сокаци, стрмни и тесни, ќе ве однесат до низа занаетчиски дуќани, а со прјиателски збор ќе ве дочекаат тамошните чевлари, златари, кујунџии, калајџии, но и бакароресци, столари, бовчари, фурнаџии. Чаршијата е еден од најживописните делови на градот, и никако не заминувајте си од Крушево без да го купите највкусниот локум што некогаш сте го пробале во животот. Во зима е атрактивно поради ски-центарот, но во лето е вистинска атракција поради Крушевското езеро и настанот When in Krusevo, фестивал на отворено каде се нудат интересни спортски настани (посебно ќе ви се допаднат натпреварите во параглајдерство) и добра музика. Тое е Крушево, балканската бела грутка, толку мало а толку големо.

Photos by Elizabeta Varnalieva