Манастир Манасија: Моравско-Ресавска школа, замок со историја и книжевни вредности

Изграден од Деспот Стефан Лазаревиќ во 15 век, Манасија е еден од најзначајните споменици на Моравската школа

Манастирот Манасија или Ресава е еден од најзначајните споменици на српската средновековна култура и најзначајната градба кој припаѓа на Моравската школа. Се близу градот Деспотова. Тој е тврдина која ја изградил Деспот Стефан Лазаревиќ синот на Царица Елена и Цар Лазар за одбрана од османлиите. Манастирот Манасија започнал да се гради 1407 година, а истиот е завршен 1418 година. Целиот комплекс е опкружен со високи зидови кои во минатото служеле за одбрана.

Всушност претставува една целина која се состоела од вкупно 11 кули, а нависоката кула е амбарот за жито и храна која во денови на опсада на тврдината немало потреба од излез до три месеци, а имало доволно залиха на храна. Под тврдината се наогаат бунари со чиста вода кој војската ги корислела за пиење. Во внатрешноста на тврдината се наога и црквата св.Тројца, која е изградена во 15 век, а малку подоцна осветена. Познатата Ресавска школа, формирана е од Деспот Стефан Лазаревиќ, во 15 век., и се занимавала со преписи на трајни вредни дела на српската книжевност и култура, Старогрчки преводи на страиот завет, Заветот на Јован Златоуст и други вредни книги и записи.

Многубројни монаси и калуѓери од Света гора доаѓале овде да работат преписи и преводи на книги. Овде работел и Константин филозоф кој го напишал и познатото дело ЖИТИЕТО ЗА ДЕСПОТОТ СТЕФАН ЛАЗАРЕВИЌ. Тој ги изработил и правилата на новиоѕт правопис кој имаат влијание и до ден денешен. А во 18 век. Стефан Лазаревиќ како познат книжевник, е упоредуван со познатиот Византиски летописец Константин Манасие, по што и Ресава понатаму е наречена Манасие. Библиотечниот фонд броел повеке од 20,000 книги во ракопис, кој со заземањето на тврдината од Турската османлиска власт се повеќето запалени, дел се однесени во Русија каде и дене се чуваат,дел во Света гора во еден од манастирите и дел во Печката Патријаршија и Патријаршијата на Српската црква во Белград.

Оваа школа многу големо влијание има врз Македонската книжевна школа за создавање на Кириличното писмо. Матичната библиотека во Деспотовац е НАРОДНА БИБЛИОТЕКА НА Р.Србија во која се чуваат записи, фотографии и дела работени од калуѓерите во Ресавската школа.