Мистериите на Српските Манастири: Тумане, Нимник и Ѓунис
Патувајте низ времето и просторот со историските приказни за манастирите Тумане, Нимник и Ѓунис.


МАНАСТИР ТУМАНЕ
На само 9 км од гратчето Голубац, североисточна Србија, до Романската граница, се наоѓа манастирот Тумане, најпосетуваниот манастир кај северниот сосед последниве години. Во непосредна близина се наоѓа и местото каде што реката Дунав е најширока во својот тек.
Според преданието, Манастирот е оставина на јунакот од Косовската битка, Милош Обилиќ, изграден во 14ти век. Повод за изградбата е еден немил настан, кога при лов, несакајќи, Обилиќ го повредил испосникот Зосим Синаитски, кој се молел во блиската пештара.
Манастирот е обновуван неколку пати, последно во 2016 година, по што, меѓудругото, станува духовна и туристичка атракција.
Во Црквата се наоѓа и икона на Пресвета Богородица, за која се верува дека им помага на поклонениците за здравје, а на младите брачни парови - за пород.
Во составот на Манастирот се наоѓа зоолошки парк со животни, што ја прави посетата уште попривлечна.


МАНАСТИР НИМНИК
Познатиот манастир Нимник, спoменик на културата, се наоѓа на патот Пожаревац-Велико Градиште, на 3 километри од селото Курјача.
Потекнува од 14 век, ама по неколку реновирања, станува женски манстир, со само 13 икони. Легендата вели дека е посветена на девојче од 13 години, што не сакало на неверниците да им го каже патот до светото место.
До Манастирот се наоѓа извор, со света вода што има лековита моќ за здравје, мир, слога и среќа.


МАНАСТИР ЃУНИС
Манастирот Ѓунис е женски манастир што се наоѓа кај селото Ѓунис, во близина на градот Крушевац.
Според легендата, Манастирт Ѓунис е поврзан со дамнешното предание дека на местото се појавува Мајката Божја и дека на изворот, со света лековита вода, многу неподвижни – прооделе, многу слепи – прогледале, а немите – прозборувале.





Photos by Elizabeta Varnalieva