Откријте чудесата на Лазарополе: Мијачкото село на Бистра

Селото е познато по својата традиционална култура и гостоприемство на мијачките жители

На 1350м надморска висина на една висорамнна на планината Бистра со преубав поглед кон гарска река и Палнината Стогово, се наога едно од најголените мијачки села Лазарополе. Селото има богата и долга историја од втората половина на 15век.

Лазарополци се прочуени како „луѓе без перде на устата“ кога е во прашање вистината и „Мијаци без гајлиња“ – секогаш насмеани, подготвени за шеги, песна и оро, но исто така подготвени и „физички да се пресметаат“ со оној што ќе се обиде да излезе пред нив кога е во прашање водење на „Тешкото“. Лазарополе е село кое ја лечи душата. Планинскиот чист воздух од изобилство недопрени шуми и чиста природна средина, дава ладовина и во најтоплите летни горештини и мекост во зимите кој се благи и не толку сурови. Само овде во Лазарополе мерните апарати покажуваат чист воздух во тек на целата година.

Лазарополе е село во кое царува традицијата на старото Македонско исконско живеење, ова село има голема црковна традиција со многу цркви и свети места. Во центарот на селото се наоѓа црквата на св. Великомаченик Ѓорѓија, изградена во 1841год. од Ѓурчин Кокале со зидини од кршен камен високи и до 4м. Внатрешноста на црквата и фрескописот е од познатиот Дичо Зограф (Димитрие Перкоски) од соседното село Тресонче. Во близина на селото се наоѓа пештерата Калина дупка. Легендата раскажува дека по некоја локална војна се враќале турските „азбии“ кон своите домови и притоа правеле пустош по населените места на Бистра. Главатарот на селото и селаните имале изградено тактика, ќе се скриеле во пештерата додека не помине најлошото. Но, Калина мома, мислејќи дека сите војници одминале без да ги забележат oд радост запеала песна... сите Турци поминае, Калина мома не ја видое... Eден од војниците, кој бил ранет и тешко се движел, заостанувајќи зад четата, ја чул Калина како пее и пуштил абер на војниците, кои се вратиле назад и пред влезот на пештерата запалиле голем оган. Чадот од тазе покосеното сено ги задушил селаните и само еден селанец по име Лазар успеал да излезе. Тој го заселил новото село наречено по негово име Лазарополе.

Поимот Лазор на старословенски значи голем простор, оголен и истребен од шуми. А таков е и целиот терен, сета околина на селото. Значи, од Лазор – Лазорополе, како што и го викаат постарите мештани. Лазарополе било сточарско, но и дервенџиско село. Клучен начин за егзистенција, покрај сточарството, било и печалбарството. Зборот печал или пекал е старословенски збор што значи мака, страдање.

И нема да не идете во Лазарополе а таму некој намирник Лазарополец да не ве однесе до Соколица преку Горни ливади од каде ја имате најубавата глетка. Ќе го поминете камениот зид Крста, и црквичките св. Спас. Св. Атанас и св. Горгија, за да стигнете на Цуцул каде е поставен големиот крст кој се гледа уште на влезот од селото. Овде, отсекогаш особена почит уживале творците – дали на убавиот збор искажан во песна или во фреска, дали на резба или на везен ракав. Во Лазарополе во мај милиони нарциси цветаат по околните полиња. И Тогаше фестивалот на нарцисите, на кој се слави убавината на природата, традицијата и песната, тогаш илјадници посетители доагаат во Лазарополе да уживаат во прекрасните полиња со нарциси, а за да ја излечат душата треба да се напијат од студената вода.