Планината Ртањ: мистериите на една пирамида
Ртањ, со својот пирамидален облик, привлекува научници и авантуристи кои истражуваат неговата мистериозна енергија и легенди за вонземјани
Ртањ, кога ја гледате планината од далечина таа наликува на вистинска Египетска пирамида, а по математички траектории е прецизно формирана пирамида, со правилни страни и врв. Поради овој пирамидален облик, планината Ртањ константно емитува позитивна енергија, и постојано е мета на многу научници ширум светот.
Мистеријата за Ртањ за која се верува дека во внатрешноста е празна, и кој помине низ неа, сигурно нема да се врати нормален, и ако нема отвор. Легендата кажува дека на неа често доагаат вонземјани и црпат биотичка енергија. На врвот на планиката Шиљак на 1565м. надморска висина, ја имате најубавата глетка во Србија. Таму се наога и малечко разрушено црквиче св.Ѓорѓија, и се верува кој се искачил таму, после не заболел од никоја болест. Тоа е секојдневна дестинација на безброј планинари и авантуристи, кој патеката ја искачуваат како од шала. А енергијата од самата планина, најака е и се слева во подножјето кај ископите од камења, каде и се наога самото Врело и Пирамидата, каде со сеанса за дејонизација два дена по 20 мин се исцелува дел од огранизмот од негативната енергија, која секој од нас ја носи во себе. За вљубениците во природта и чистиот воздух, за кој се верува дека на оваа планина е поинаков, смирувачки и успокојувачки, постојат патеки за пешачење, со летниковци за одмор, со попатни ливади со многу природни билки и единствено чудни растенија.
На оваа планина расте и познатиот Ртањски чај, кој го има само овде, а од неговиот корен кој селаните го сушат и продаваат се користи како амајлија за срека и благодет во домовите. Со продажба на овој чај, Република Србија додава во буџетот и до три милиони евра, на годишно ниво. За овој дел од природата и необичниот растителен свет, виновници се германската фамилија МИНХ која овде имала свој рудници, уште пред 100год., и познатата Грета Минх која го направила овој планински растителен рај со ретки врсти на зимзелени растенија и розариумот со стаклени билки, кој како конструкција сеуште постои, и ќе го сретнета на паттот спуштајки се кон подножјето.
Планината Ртањ е важна за Србите, како Олимп за Грците. Таа е раска планина која е полна со мистерии и легенди, е главна мета на пленинарите и авантуристите. А таму мистеријата е верна кога ке ви престанат со работа часовниците, кога телефоните ке изгубат контакт и кога на сеасите за дејонизација на телото во познатата дупка кај пиранидата ке се вратите, ведри растеретени. Ртањ не е само палнина, таа е мир и спокој, таа е духовно чистилиште.







