Соко Бања: Историја, Култура и Природни Богатства

Дознајте за тајните на старата бања и турскиот амам, кои го красат овој прекрасен град.

Соко Бања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 метри надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања.

Турското купарило амам се наоѓа во центарот на Соко Бања под грацкиот парк. Изградено е од Турцитена темелите на римските терми во 15век. Обновено е 1834год. По наредба на Кнез Милош Обреновиќ, а последно реновирење доживеало 2005 годдина.Тоа е единствено турско купатило во Србија, а тука се снимени и сцени од филмот "Зона Замфирова". Температурата на водата во термалното купатило е 43 степени.

Се претпоставува дека Кнез Милош Обреновиќ бил познат женољубец, па имал направено прозорче за да ги гледа девојките кога доаѓале да се бањаат и да си одбере понекоја за него. И Кнегињата доаѓала во оваа купатило, но никогаш заедно со Кнезот.

Што се да посетите во Соко Бања?

Тврдината Сокоград е најпознатиот културно-историски споменик, изграден во средниот век на темелите на римскта тврдина. Била разрушена за време на турската револуција, но и покрај тоа е доста посетувана од туристи кој уживаат во панорамскиот поглед и прошетка по патеките низ длабоката дабова шума. Должината на патеката е 1450метри, на која се наоѓаат неколку летниковци за пикник. Преку таа стаза се доаѓа од Лептерија до Сокоград.

Излетничко место Лептерија

Најпознато излетничко место во Соко Бања е Лептерија. Прекрасната природа со уреден простор со летниковци за пикник, како и жуборот на реката Моравица во густата шума, дава фантастична можност за целодневно уживање. Во горниод дел на една од карпите е насликан и ликот на Богородица со Исус, за која се верува дека има исцелителна моќ, а тука наблизу се наоѓа и црква посветена на Пресвета Богородица.

Легенда за постанокот на Лептерија

Се верува дека некогашниот Престолонаседник на Соко Бања имал ќерка која се викала Лептерија и таа се заљубила во синот на Жупанот од соседниот град. Затоа што тогаш се војувало за освојување на територии, тие биле раскарани и не било дозволено да се во љубовна врска. Па така тие двајца млади решиле да избегаат заедно. Но таткото на Лептерија дознал за тоа и пратил војска да ги погубат. Баш на местото каде се наоѓа сегашна Лептерија девојката е погубена со меч, а момчето се удавило во вирот Моравица. По што овие две места ѓи носат нивните имиња.

Боричи, Окно и Калиновица

Други познати излетнички места во Соко Бања се Боричи, Окно и Калиновица, на кои се наоѓаат прекрасни ливади (Кралска Ливада) опколени со шума, во кој има летниковци за одмор и играчници за деца. Природата, чистиот воздух, изворската вода и мирот, даваат потик за спокој и убавина за почесто да навраќате во Соко Бања.

Таму на 20километри од Соко Бања се наоѓа и Сесалачка пештера во должина од 200 метри со 7 дворани, во кој од едната се испаѓа и до подземното езеро. Пред пештерата се наоѓаат летниковци за скара, а позади пештерата се наоѓа езетото.

Езеро на планината Озрен

На само 5 километри од Соко Бања на самиот влез на болницата се наоѓа Озренското езеро, со преубава природа и место за прошетки како и место за убав одмор и ручек во рестораните за храна и риба. Таму се наоѓаат и дочашни продавачи на природен мед, ракија, лековити растенија, познатиот Ртањси чај и корените за среќа. Прекрасните ливади покрај езерото оставаат чуство на посебен душевен мир и рајска убавина.

Водопад Репаљка

Најубавиот споменик на природата која се наога на почетокот на десна страна од езерото Озрен е водопадот Репаљка висок 11метри. Движејки се по патеката до водопадот се среќаваат мали водопади кој мамат туристи за прекрасни фотографии. Се верува дека кој ке застане под слапот на водопадот и да се попрска од водата, ќе го следи среќа низ животот.

Посетите ја Соко Бања и ќе посакате да отидете пак, и пак, и пак. Таа има волшебна и привлечна релаксирачка способност со целиот нејзин раскош, и е убава во сите четири годишни времиња. Послушајте и ќе се уверите.