Врњачка Бања - кралица меѓу бањите, душевно и физичко светилиште на Балканот

Оаза на мир со 160 видови растенија, Јапонска градина и ароматерапевтски клупи за вистинско релаксирање.

Во областа Рашка на 200км јужно од Белград, меѓу раскошни планински масиви на Копаоник, на надморска висина од 230м, во подножјето на планината Гоч, во кој се наоѓаат најзначајните манастирски споменици на Српаската Културна ризница, стари цркви и твдини заштитени од UNESKO, излетнички места, преубави реки и долини се наоѓа една од најубавите и најлековитите бањи во Република Србија, а тоа е ВРЊАЧКА БАЊА.

Ако се вратиме во минатото, за време на римската империја, од каде и датира постоењето на лековитире подземни води и извори на ова подрачје. И Римјаните го искористиле тоа и уште тогаш градат терми и лековити купатила, кој и ден денес се видливи во околината. Како познатиот Римски извор во централниот парк. Тој претрпува многу измени и после втората светска војна, се додека не се дојде до трајно решение. Во овие бањи доаѓале и доаѓаат многу познати личности од сите фели на животот, како Европски така и Светски личности од уметноста, политиката и културата, но и многу обични туристи за кој Врњачка бања е душевно светилиште.

Со својата умерено континентална клима на пријатни лета и зими со кратки студени денови, со своите извори на топла и лековита минерална вода, Врњачка бања велат првен треба да ја осетите со прошетка низ парковите.

Централниот парк е срцето на Врњачка бања, се протега на 60 хектари површина и цели 2км. пешачка зона. Овој парк е права оаза на преку 160 врсти на дрвја, збунови и уредени цветни алеи. Не се знае во кое годишно време е поубав, и затоа кога ќе шетае низ него облечете си удобни обувки, затоа сто тоа трае, и трае, и трае...Ќе одморите на клипите на кој ве облеваат опојни мириси на оригано, рузмарин, жалфија, и други опојни растенија, за кој е поставена табла да осознаете нешто за нив. Пожелно е на овие миризливи клупи да поминете бар 15 до 20 мин. Како би добиле позитивна ароматрапија.

Споменикот на природата во паркот е ЦРН БОР, и се наоѓа од десната страна на Врњачка река. Неговата висина е 35м., а пречникот на круната 17м. Староста на стеблото е околу 200г. и се врзува за легендата на една трагична судбина за љубовта на еден Србин и една млада була, кој се зртвувале за нивната љубов.

Во округот на паркот се наоѓаат Римскиот извор, Музичкиот павиљон, многубројни чешми, како и скулптури на стански автори.

Јапонската градина е место на мир и хармонија, ко кој се наоѓаат холтикултурно уредени на Јапонски традиционален начин во камени скалести делови, со мовчиња и езерца со рибчиња се наредени автентични Јапонски природни растенија во зен градина. Посебно се истакнуваат во пролет кога цветаат црешите и во есен кога ги менуваат боите. Таа е една од најголемите во Република Србија.

Паркот на сеќавањата е направен од здружението Данило Бата Сојковиќ, и во него се наоѓаат разнични стебла на дрво, на видни српски глумци кој веќе не се мегу нас, за да не потсетуваат на нив.

Авантура парк е опремен со 9 препреки за активности на телото, за концентрација и забава, со која раководат сертифицирани оператори, ако одлучите да се забавувате, за да не се повредите.

Мостот на ЉУБОВТА е најромантичното место, кое ќе ве очара не само со приказната за него туку и со прекрасните фотографии кој се прават за спомен на вљубените. Тој се наоѓа во паркот на Врањска река и е врзан за приказната за големата љубов на Нада и официрот Релја, кој ја изневерува Нада на поход во Грција со убава гркиња, а на Нада срцето, препукнува од жал. Па така на овој мост девојките ставаат катанци со своите имиња и ги прикачуваат за кованата ограда на мостот за цврстина и вернст во љубовта на своите момчиња.

Шеталиштето ПРОМЕНАДА и дрворедите во Врњачка Бања се протегаат од минералниот извор ,,Снежник,, покрај топлата вода се до вливот на Липовачка во Врњачка река, со еден огранок од кој се издвојува изворот ,,Слатина,,. Променада преставува посебна туристичка атракција, во должина од 1,5км и се составени воглавно од три вида на липа и има вкупно 902 дрва. Таму се наоѓаат дрвени куќички со равни продавачи на изворни плетива, дрвенарија, садови, чаеви, мед и ракија, сувомеснати производи, сувенирници, кафетерии, ресторани... Тука е познатиот вештачки водопад, каде се прават најубавите фотографии за спомен од Врњачка Бања, познатата фонрана и маскотата на ова место скулпрурката на врабегот Гочко.

Маскотата Гочко го добива името по прекрасната планина која се наога на 12км. од бањата. Тоа е планината ГОЧ, преполна со бујна вегетација, плодно земјиште со насад на сливи, малини и лозја и густа букова и дабова шума. Таму се наоѓа и познатото вештачко езеро Селиште (кое изгледа како создадено од природата), ски терените и удобни пешачки патеки и за во пролет и лето.

Замокот Белимарковиќ е импресивно здание од 19век., кој бил резиденција на Генералот Јован Белимарковиќ. Тој бил член на намесништвото на малолетниот крал Александар Обилиќ. Замокот е граден од бели мермерни плочи донесени од палнината Гоч. Денес замокот е музеј, во кој се наоѓаат разни предмети кој ја обележуваат историјата на овој крај. Има прекрасна архитектура и вреди да се посети.

На почеток на Променада кај изворот ,,Снежник,, се наоѓа и познатото панорамско Тркало, кое е атракција кога од висина ја гледаш целата околина на бањата. Цената за едно возење е 300ден., за целосно висинско уживање.

Репутација како лековита бања

Врњачка Бања има седум лековити минерални извори од кој четири се во употреба.

Извор топла вода, е најстар и најпознат извор кој е користен уште во праисторијата со докажани археолошки наоѓалишта, па потоа го користеле римјаните, па турците и се до ден денес. Водата е богата со натриумхидрокарбонат, слабо минеризирана со ниска вредност на ПХ. Температурата ан водата е 36,5 степени целзиусови, и се користи како помошно тераписко сретство за лечење на хроничен гастритис, пореметувае на работата на панкреасот, жолчката и желуникт.

СНЕЖНИК е извор со ладна вода со температура од 17 степени C, содржи натриум, калциум и магнезиум, слабо кисела ПХ и благо газирана. Се користи за пиење и многу е корисна за лекување на дијабетис.

СЛАТИНА е извор со ладна вода од 14 степени C, со состав од натриумхидрокарбонат, богата со јаглен диоксид и ниска ПХ вредност. СЕ користи за пиење и е лековта за повеќе заболувања.

Извор ЕЗЕРО, од каде извира вода со температура од 27степени, богата со натриум, слабо кисела и благо газирана. Се користи за бањи, може да се пие но само со лекарски наод. Ове води помагаат при лечење на дигестивниот тракат, дијабетис, бубрези, проблеми со циркулација и ревматски заболувања.

Лековитоста на сите извори е сертифицирана и научно докажана и дава ефекти. Затоа се користи и за балнео тарапија- тоа е лечење со помош на бањи во минерална вода и инхалација со испирање на вода за внатрешна детоксикација. Позитивни влијанија се јавуваат кај дигестивниот систем и одганите за варење, за циркулација на поткожни крвни садови и смирување на стрес и нервози.

Манифестации во Врњачка бања се:

⦁ Врњачки карневал кој се одржува во средината на месец Јули и трае 7 дена, и собира најмногу туристи во бањата

⦁ Фестивалот на љубовта е музички фестивал на почетокот на август

⦁ Филмски фестивал за сценаро на кој се гледаат домашни филмови на летна сцена

И многу бројни други секојдневни манифестации и изведби на групи или самостојни изведувачи, за да Брњачка бања не застане и се движи во ритамот 100 на час, со бројот на туристи, со атракции, со изведби, со питомиот дух на мештаните и нивната љубезнст да секогаш те примат како најдобри домаќини.

Тие ќе те пречекаат и угостат, но и ќе ти покажат каде и како најтопло да ја доживеете бањата, со сите нејзини маѓични убавини. Таму ќе ја најдете и најубавата храна, топли и освежителни лимонади, највкусното кафе, убаво домашно вино и ракија, кајмак, пушено мевце и се што ќе посакате...

МАНАСТИРСКИ ТУРИЗАМ ВО ВРЊАЧКА БАЊА

Манастир Љубостиња е женски манастир кој се наоѓа на левата страна на реката Западне Мораве, на 4 км. северно од с.Трстеник, во атарот на селото Прњавор. Припаѓа Српске православне цркве. Изграден е во текот на Косовската битка, крајот на 1388. година, као први женски манастир у Србија.

Ова е замокот на Књегина Милица, која според преданието тука за прв пат го здогледала Кнез Лазар, каде на прв поглед меѓу нив се родила љубов. Кнегињата во 1832 год. овде и се замонашила, и го поминала остатокот од нејзиниот живот, заедно со нејзината пријателка монахињата Јефимија, и затоа и двете се закопани во овој манастир, и нивните мошти се чуваат и ден денес. Некогаш како најголемо духовно богатство во овој манастир се чувани и моштите на Св. Петка.

Манастирот е изграден во стилот на моравската школа, кој на оргинален начин ги обединува влијанијата на млетачката готика и исламската архитектура, Препознатливи по розетните, камените украси во облик на рацветани лијани, и други цветни облици кој ја симболизираат рајската вегетација. Љубостиња станува храм на Пресвета Богородица сместен во амбиент на рајска градина. Фреските се насликани со ладни тонови, преставувајки го исусовото исцеление целосно изнемоштен.

Како споменик на културата ова е последната задружбина на Неманиќи, со мавзолејот на кнегиња Милица и костурница со преку 30 гробови на племенити монахињи, со што од 1979г, манастирот Љубостиња ужива највисок степен на заштита за Република Србија. Игуменија на манастирот од 1995г. е мајка Христина, а парох отец Даниел Стефановиќ. Овде се чествува Преображение, Голема Богородица и манифестацијата Јефимијини денови.

Манастир Жича, храм на Возвишението Христово, со незабележани податоци за неговата изградба и векови на постоење. Некој податоци се темелат на последни пишани извори од Доментијан и Теодосиј, во биографијата по св, Сава. Според нив градбата на манастирот ја започнува Стефан Неманиќ, уште како Жупан, во времето кога неговиот брат бил преседател на судот. По неговите зборови тој почнал да гради Дом за спас, а тоа е период од 1206г. до 1217г. до неговото заминување на Хиландер.

Манастирот се наоѓа на прекрасно возвишено место, на северната страна на подножјето на Голема планина, од каде се гледаат сите предели со кое се граничи Чачинскиот окриг.

На манатирот Жича има 7 врати, Првата на запад измеѓу кулата и црквата, Другите две на југ и север, од десно и од лево има по 2 врати, по една во големата црква, а другата од двете мали црквина запад накај кулата. На сводовите на влезните врати се напишани канонски закони кој св.Стефан првоврнчани, кралот Неманиќ, проповеда да во овој манастир се крунисани седум српски крала. И секаде наокули се кралски дворови, каде биле оджувани балови и забави на династијата Неманиќ.

Овој манастир окован во тајните и чаролиите на средновековните српски кралеви, го прават многу мистичен и таен, и после петвековното ропство на самиот себе како сега да е ослободен за да го собере целиот српски народ за големи црковни собири.

Во 1979г. прогласен е за споменик на културата на Р.Србија.