Живописната Дунавска Улица: Шетање по Нови Сад
Град на Среќа, Војводинскиот бисер - Нови Сад, ви нуди историја, култура и природа, се во едно, за несекојдневно искуство
Во споредба со особеностите на значајните места, Нови Сад е град со краток живот бидејќи е настанат по Повелбата на царицата Марија Тереза од 1748. година, кога заради одбраната од Османлиите, од мала населба е израснат во центар со модерна архитектура и брз индустриски развој. Сега, Нови Сад е втор по големина во Србија и поради својата убавина, бројните музеи, театри и библиотеки прогласен е за Европска престолнина на културата во 2022. година. Отвореноста што му ја дава местоположбата покрај реката Дунав и сред војводинската рамница, на Нови Сад му дава невообичаен шарм и впечатлива атмосфера.
Неизбежни знаменитости на Градот се Плоштадот, Дунавската улица, Петроварадинската тврдина, музеите и плажата Штранд.
Градскиот плоштад е срцето на Нови Сад каде што е сместена римокатоличката црква Мариино име, попозната како Катедрала. Понатаму, во Еврејската улица се наоѓа Новосадската синагога, а во нејзина близина е сместена и православната Соборна црква Св. Ѓорѓе. Toa е приказ на мултукултурализмот во Градот, богат и со бројни ресторани и места за собирање.
Дунавската улица, една од најстарите во Нови Сад, го поврзува Центарот со брегот на реката Дунав и затоа е омилено шеталиште на сите. Во нејзина близина се наоѓа зелената оаза на Нови Сад - Дунавскиот парк, Музејот на Војводина и други необарокни објекти.
Петроварадинската тврдина е најпосетуваниот симбол на Нови Сад. Ја изградиле Австроунгарците во 18. век за одбрана од Османлиите. Сега е таа туристичка знаменитост, каде меѓу другото, се наоѓаат Пијаниот саат и Подземните воени галерии. Саатот го добил името по тоа што големата стрелка го покажува часот, а малата минутите, што најчесто ги збунува минувачите. Подземните галерии што се протегаат на 16 километри и на 4 спрата, првин биле одбранбен систем од ходници и одаи, а потоа биле пренаменети во трезор за злато и сребро на Хабзбуршката монархија.
Како најголема атракција покрај реката Дунав се смета плажата Штранд. Се користи за сончање и капење, а има и многу спортски терени и содржини, за рекреација и журки. Една од занимливостите на Кејот е што шетачите можат да следат колку чекори поминале и колку калории потрошиле.
Салашите се препорачана дестинација при престој во Војводина. Од полски имоти со штали, амбари и чардаци, прераснаа во туристички атракции за опуштање, мирен начин на живот. Тие се совршено место за семеен ручек покрај старински ергели, спортски, забавни содржини и древни обичаи.